СЗО
Американец заразен со ебола во Конго
19.05.2026 14:02
Епидемијата предизвикана од вирусот Бундибугио, ретка варијанта на ебола, досега резултираше со речиси 500 сомнителни и над сто смртни случаи низ неколку региони во Конго и во Уганда...

Американски државјанин кој работел за медицинска организација во Демократска Република Конго и се заразил со ебола, итно е евакуиран во Германија на лекување, потврдија американските власти. Епидемијата предизвикана од вирусот Бундибугио, ретка варијанта на ебола, досега резултираше со речиси 500 сомнителни и над сто смртни случаи низ неколку региони во Конго и во Уганда. С3О предупреди дека вистинскиот број на заразени и географското ширење на заразата сè уште не се јасни.
Постои можност бројките да бидат поголеми од официјално регистрираните.
