Транспорт

Николоски: Хрватска усвои закон за долгорочни визи за професионалните возачи

19.05.2026 11:12

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук-профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи...

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук-профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.

„Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.

Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи.

Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава.

Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат.

Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи“, објави вицепремиерот Николоски.