Седум кандидати во трка за нов член на Судскиот совет
Во Комисијата за избори и именувања се презентираат биографиите на кандидатите за нов член на Судскиот совет. Кој ќе седне на местото на Селим Адеми?

Седуммина кандидати влегуваат во трката за нов член на Судскиот совет, откако во највисокото судско тело остана испразнето столчето на Селим Адеми, чиј втор мандат истече во декември.
На денешната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се одржува јавна расправа на која се презентираат биографиите на седумтемина пријавени кандидати: Шпреса Даути, Феузи Џафери, Елвир Исеини, Сабедин Даути, Артим Ислами, Фадил Џелили и Фатмир Емрулау.
Меѓу кандидатите има правници, судии, адвокати, поранешен полициски началник, стручни судски соработници.
Анита Димитријевска-Велковска ја следи јавната расправа.
