ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Технологијата во функција на земјоделството

23.05.2026 13:55

Млади земјоделци во Битола размислуваат за унапредување на бизнисот во овој сектор. Ги претставија своите идеи на информативниот ден „Учи, допри, создај“ што се одржа во битолското средно училиште.

Како да се ѓубри и кога? При временски неприлики, техниката да го замени земјоделецот. Современото време во кое живееме, мотиките и греблото ги замени со софистициран дрон-советник.

Пелагониската е најголемата житница во државава. Но, нема многу млади кои сакаат да работат земја.

Во средното земјоделско училиште во Битола за основците се одржа информативен ден под наслов „Учи, допри, создај“.

Годинава средното земјоделско училиште во Битола ќе го завршат дванаесет ученици.

Ружица Аџикотарева Ѓоршевска