МВР

Косовски државјанин возел 203 км/ч на автопатот кај Смоквица, приведен од полицијата

19.05.2026 19:26

Косовски државјанин е лишен од слобода откако на автопатот А1 кај клучката Смоквица управувал возило со брзина од 203 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е 120 км/ч. Против него е поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија на 18 мај околу 22:18 часот го привеле Б.Т. (30), косовски државјанин, при контрола на патниот сообраќај на автопатот А1 кај клучката Смоквица.

Како што информира МВР, со радар било утврдено дека тој управувал патничко возило „ауди А6“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, иако на тој дел од патот ограничувањето е 120 километри на час.

Возачот бил исклучен од сообраќај, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против него е поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.