Политика

Повик за обединување за државните и националните интереси

19.05.2026 16:41

Да се обединиме за државните и националните интереси, ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината, и ниту една лична амбиција не смее да биде поважна од иднината на нашите деца – премиерот Мицкоски со нов повик за сплотеност околу најважните прашања за земјава. Пораката ја испрати од Делчево, од одбележувањето 150 години од Разловечкото востание. Опозицијата ја отфрли подадената рака – Филипче вели, не седнуваме на маса со луѓе кои немаат чесни намери и кои земјата намерно ја држат во изолација.

„Ниту една политичка и лична амбиција не смее да биде поголема од државата“-премиерот Мицкоски со нов повик до опозицијата за обединување околу државните и националните интереси. Од Разловци, на одбележувањето на 150 годишнината од востанието, тој рече дека Македонија најмногу страдала кога одвнатре имало луѓе кои биле подготвени од лични интереси да ја жртвуваат татковината. Затоа, вели Мицкоски, државата не смее да прави отстапки и распродажби и да биде понижувана.

„Не седнуваме на маса со луѓе кои немаат чесни намери и се водени од свои интереси“ – првиот социјалдемократи Филипче ја отфрли подадената рака од Мицкоски.

Филипче го критикуваше Мицкоски дека свесно ја држи земјава во изолација, кога не ги носат уставните измени, посочувајќи оти е убеден дека до 1 јуни, власта нема да ги испорача точките од реформската агенда. Филипче побара веднаш да се вметне бугарското малцинство во Уставот, со што, според него ќе се зајакне македонскиот идентитет.

Владата уверува оти до крајниот рок ќе се испорачаат барања на Брисел, поврзани со реформската агенда.

 

Викторија Милевска