Време е за отворање и затворање поглавја со Западен Балкан
Проширувањето на Европската Унија мора да добие конкретна динамика преку отворање и затворање на поглавјата со земјите од Западен Балкан, порачаа учесниците на Јадранско-јонската иницијатива во Скопје. Беше оценето дека одложувањето на процесот остава простор за засилени надворешни влијанија во регионот.

Време е да не зборуваме само за проширување на ЕУ, туку и отворање и затворање на поглавја со кандидатите од Западниот Балкан. Ако унијата не се прошири, ќе остави отворен простор за туѓи влијанија, мора одлуките да се носат со мнозинство, пораки од Јадранско-јонската иницијатива во Скопје.
Македонија ја зајакна соработката за проширување на ЕУ и постепена интеграција како претседавач со ЕУ-стратегијата на иницијативата за Јадранско-јонскиот регион, посочи и шефот на дипломатијата Муцунски.
Соработката во регионот е неопходна за стабилноста и просперитетот на Европа, особено во време на конфликти во светот.
Ирина Гелевска
