Собрание

Задолжување од 260 милиони евра

19.05.2026 17:27

Нема скратена постапка за милионско задолжување – новиот заем и фискалната стратегија ги скараа власта и опозицијата. Меѓусебно се обвинуваа за тоа, кој бега од дебата во Собранието, за која точка треба прво да се разговара, но, и за тоа дали има просторни услови во салата.

Пратениците од власта и опозицијата се скараа поради новиот заем и фискалната стратегија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа соочување на аргументите, СДСМ реагира дека задолжувањето од 260 милиони евра плус камати, не може да оди во скратена постапка.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ свесно ја блокира работата на собраниската комисијата и побара опозицијата да покаже одговорност и да им овозможи институциите да работат.

Владата првично планираше задолжување од 300 милиони евра преку странски комерцијални банки, но се обезбедија 260 милиони евра од конзорциум европски и меѓународни финансиски институции. Средствата, според владините претставници, ќе се користат за сервисирање на буџетските потреби и реализација на капитални инвестиции. Заемот треба да биде повлечен во една транша, со рок на отплата од седум години и грејс период од три години.

Борис Грујоски