Правда: Собирање политички поени на чувствителни теми
Три лица завршија во полициска станица по физичката пресметка на вчерашните протети на албанските студенти. Полагањето на правосуден испит да не се повтори во поле за политички притисок и етничка конфронтација “, порача министерот Филков. Реации и на партиската сцена...

„Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок“ – ова е ставот на министерот Филков по последниот протест за полагање правосуден испит на албански јазик.
„Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и темел на институционалниот и правниот систем. Недозволиво е да се користат чувствителни теми што директно го засегаат правниот систем за собирање политички поени или за создавање меѓуетнички тензии“, соопштија од Министерството за правда.
Европскиот фронт, пак, побара одговорност од вицепремиерите Сали и Фетаи, како и од заменик-министерот за внатрешни Исени, за наводното ограничување на легитимното право на протест.
Од „Вреди“ велат – протестот е демократско право, но не треба да се користи за политички манипулации.
„Започнавме институционални разговори за решавање на проблемот. Во Владата се одржа средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на коалицијата, на која се разговараше професионалните испити да станат достапни и на албански јазик“, соопштија од „Вреди“.
МВР соопшти дека тројца се приведени во последниот протест поради тепачката пред министерството за правда. Собирот за полагање правосуден испит на албански јазик беше проследен и со извици „УЧК“.
Игор Панов
