Одбележување

Одбележани 150 години од Разловечкото востание

19.05.2026 17:19

Да се обединиме за државните и националните интереси, ниедна политичка разлика не треба да биде поголема од татковината – од Разловци од Одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, симбол на континуираната и непрекината борба за слобода и достоинство на македонскиот народ – порача премиерот Мицкоски. Возобновен и Спомен домот со кои ова место станува своевиден универзитет во кој младите генерации ќе изучуваат една важна животна лекција...

„Македонецот не бара милост, туку слобода – нашата борба е за нашата чест“ под ова мото на водачот на Разловечкото востание, Димитар Поп Георгиев Беровски денес во село Разловци-Делчевско, се одбележа еден ипол век од востанието кое се смета за првиот изблик на македонската самосвест и борба за националните и човечки права.

Во јубилејнава година обновен е Спомен-домот на Разловечкото востание изграден пред педесет години.

Овој значаен дел од нашата историја да се чува и негува, велат жителите на Разловци.

Славица Величковска