Словенија: Јанез Јанша предложен за мандатар за состав на нова влада
Кандидатурата ја поддржаа 48 пратеници, што е над потребниот минимум од 46, додека идната коалиција располага со 43 мандати со можност за дополнителна поддршка при гласањето, кое може да се одржи уште в петок...

Лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша предложен за мандатар за состав на нова влада, со поддршка од повеќе партии, меѓу кои Нова Словенија, Демократите на Анже Логар, Словенечката народна партија, како и членовите на движењето „Ресница“, кои формално ќе останат во опозиција. Кандидатурата ја поддржаа 48 пратеници, што е над потребниот минимум од 46, додека идната коалиција располага со 43 мандати со можност за дополнителна поддршка при гласањето, кое може да се одржи уште в петок.
Доколку биде избран, Јанша по четврти пат ќе стане премиер на Словенија.
