Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

20.05.2026 08:06

Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд...

Втремето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 13 степени, а дневните ќе достигнат меѓу 19 и 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.