Идризово
Во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека
20.05.2026 08:33
Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството, во судницата во „Идризово“...

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството, во судницата во „Идризово“, продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
На претходното рочиште, обвинителството презентираше вознемирувачки видеа од трагичната ноќ. Силен оган, густ чад, палење пиротехника. Поради недостапност на органите на прогонот, беа прочитани и исказите на двајца сведоци, дадени во обвинителството во текот на истражната постапка.
Семејствата на загинатите бараат неселективна правда и судска разрешница што нема да остави впечаток дека системот повторно се штити самиот себеси.
