Прв домашен пораз на Оклахома, Индијана доминантна

23.12.2013 12:23

Во трите одиграни натпревари во НБА лигата, домашните екипи остварија две победи. Екипата со најдобар ефект во Источната конференција, Индијана, беше доминантна против најтрофејниот клуб во историјата, 17 – кратниот шампион, Бостон. Предводени од Пол Џорџ со 24 постигнати поени, кошаркарите на Индијана ја забележаа 22 – та победа, и ја задржаа лидерската позиција со само 5 порази досега. Со 17 – от пораз во 29 – от настап, Бостон е осмопласиран на истокот.  

Кошаркарите на Торонто продолжуваат со одлични резултати. На гостувањето кај Оклахома Сити, и го нанесоа првиот домашен пораз на досега најуспешната екипа во лигата, со 104:98. Домашните водеа се до последната четвртина, која противникот ја доби со 29:14, и направи голем пресврт. Бекот Ловри имаше ’’ол - стар’’ издание, со 22 поена, 7 скокови, 9 асистенции и 4 украдени топки, крилниот центар Џонсон оствари 17 поени и 13 скокови, а петмина од редовите на канадскиот тим имаа двоцифрен број поени. Кај Оклахома, освен тандемот Вестбрук со 27 поени, и Дурант со 24, немаше расположени играчи во нападот. Иако со негативен ефект од 11 победи и 14 порази, Торонто е четврторангиран на истокот, зад Индијана, Мајами и Атланта на Перо Антиќ. Оклахома има 22 победи и само 5 порази, со што падна на втората позиција на западот, зад Портланд.

Во најнеизвесниот натпревар, Лос Анџелес Клиперс ја совлада Минесота дури по продолжението. Блејк Грифин со 32 поени и 10 освоени топки под обрачите, беше најзаслужен за победата од 120:116, во која Крафорд постигна 22 поена, а Пол 19 поени и 13 асистенции. Кај Минесота не помогна ни фантастичниот тандем Лав – Пековиќ, кој комбинирано постигна 79 поени и 33 скокови, со над 60 процентна прецизност од игра. Лав имаше 45 поени, 19 скокови и 6 асистенции, а Црногорецот Пековиќ, кој има одлична сезона, заврши со 34 поени и 14 скокови.

По овој натпревар ЛА Клиперс е четврти тим на западот со 20 победи и 9 порази, а Минесота со 13 победи и 15 загубени натпревари, се наоѓа на 11 – та позиција.