ебола

Состанок на Одборот за итни случаи на СЗО поради епидемијата на ебола

20.05.2026 12:09

Бројот на сомнителни случаи во Конго продолжува да расте, а Уганда воведе карантин за над 100 лица поради можен контакт со заразени.

Состанок на Одборот за итни случаи на СЗО поради епидемијата на ебола и брзорастечкото ширење на инфекцијата во источна Африка. СЗО соопшти дека можната вакцина нема да биде достапна најмалку уште два месеца, додека заедно со ООН го засилуваат одговорот на заразата.

Испратени дополнителни медицински тимови и опрема во погодените области. Бројот на сомнителни случаи во Конго продолжува да расте, а Уганда воведе карантин за над 100 лица поради можен контакт со заразени.

Властите велат дека ситуацијата засега е под контрола. Досега се потврдени над 500 сомнителни и над сто смртни случаи во регионот.

„Агенцијата распореди експерти на терен заедно со националните служби за справување со заразата и испрати 12 тони залихи, вклучувајќи лична заштитна опрема за здравствените работници на првата линија“, изјави Стефан Дужарик – портпарол на ООН.

„Над 100 луѓе се идентификувани и ставени во карантин, ги лекуваат многу искусни медицински лица. Тоа е важно. Сè друго е одвлекување на вниманието. Уганда многу ефикасно се справуваше со еболата и претходно“, изјави Алан КасуџаМедиумски центар на Уганда.