Свет
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
20.05.2026 10:11
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 21 километар од градот Малатија во источниот дел на земјата.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 21 километар од градот Малатија во источниот дел на земјата.
Според првичните информации, засега нема извештаи за повредени лица или за поголема материјална штета.
Земјотресот бил почувствуван и во соседна Сирија, како и на Кипар.
