Синдикалната минимална кошница во мај изнесува 68.743 денари
Вредноста на синдикалната минимална кошница во мај е намалена за 54 денари во споредба со април и изнесува 68.743 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. Најголем дел од трошоците и натаму се однесуваат на храна и пијалаци.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека вредноста на синдикалната минимална кошница за мај 2026 година изнесува 68.743 денари. Во однос на април, кога изнесувала 68.797 денари, забележано е намалување за 54 денари.
Според пресметките на ССМ, доколку се земе предвид и изнајмување стан од 60 квадратни метри, вредноста на минималната кошница за мај достигнува 84.117 денари.
Најмногу средства во семејниот буџет биле потребни за храна и пијалаци – 25.475 денари. За образование биле издвоени 7.192 денари, за облека и обувки 6.334 денари, додека за станарина, вода, електрична енергија и греење биле потребни 6.338 денари.
Трошоците за транспорт во мај изнесувале 5.041 денар.
