Иницијатива

Виктор Габер бара референдум за продолжување на евроинтеграциите

20.05.2026 17:29

Поранешниот македонски амбасадор Виктор Габер до Собранието испратил претставка за поведат постапка за распишување Референдум за уставните измени. Тој, во дописот, го формулирал и референдумското прашање. Вели дека од исходот на граѓанското изјаснување ќе се дозна е волјата за определбата на земјата за стратешката ориентација...

Започнете постапка за распишување на референдум за членство во Европската Унија-вакво барање упати дипломатот Виктор Габер до пратениците. Некогашниот амбасадор нуди до пратениците и референдумско прашање кое гласи:

„Дали сте согласни Република Северна Македонија да ги продолжи преговорите за влез во Европската Унија со измена во амандманот XXXVI на Уставот на вашата држава и по зборовите „бошњачкиот народ“, да се додадат зборовите „на хрватскиот народ, на бугарскиот народ, на еврејскиот народ …?“, напиша Габер.

Официјална претставка преку која Габер сака да се потврди волјата на граѓаните за членство во Унијата преку внесување на Бугарите во Уставот. Определбата на државата вели дипломатот е јасна тоа е членство во Унијата.

Уставот и законите ми даваат за право да го поставам прашањето, вели Габер и посочува, ако граѓаните се изјаснат против, Собранието ќе треба да ги поништите сите досегашни усвоени документи за нашата стратешка ориентација членството во Европската Унија – и да се усвои нова стратешка ориентација на државата.

Миле А. Ристески