Ширењето на еболата започнала пред неколку месеци, велат надлежните
Светската здравствена организација соопшти дека ризикот од глобално ширење на епидемијата на ебола е низок, но висок на национално и регионално ниво. Досега има речиси 600 сомнителни и над 130 смртни случаи. Очекувањата се бројката да расте. Истрагата за да се утврди кога и каде точно се појавила оваа епидемија е во тек.

Светската здравствена организација соопшти дека ризикот од глобално ширење на епидемијата на ебола е низок, но висок на национално и регионално ниво. Досега има речиси 600 сомнителни и над 130 смртни случаи. Очекувањата се бројката да расте.
„Досега, 51 случај е потврден во Демократска Република Конго во северните провинции Итури и Северен Киву, вклучително и во градовите Бунија и Гома. Иако знаеме дека обемот на епидемијата во Конго е многу поголем. Очекуваме бројките да продолжат да се зголемуваат“, изјави шеф на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Истрагата за да се утврди кога и каде точно се појавила оваа епидемија е во тек. Со оглед на обемот, надлежните велат дека ширењето на еболата започнала пред неколку месеци.
„Наш приоритет е навистина да го пресечеме ланецот на пренос, со следење на контактите, изолирање и грижа за сите сомнителни и потврдени случаи“, истакна Анаис Леганд, академски истражувач од светската здравствена организација.
Демократска Република Конго бара меѓународна помош за борба против епидемијата на ебола. Уганда воведе карантин за над 100 лица поради можен контакт со заразени.
„Овој вирус нè погодува сите, па затоа од сите нас зависи да се заложиме и да си помогнеме едни на други“, Самуел Роџер Камба, порача министер за здравство на Демократска Република Конго.
„Сите заедници погодени од овие вируси мора да ја добијат потребната владина поддршка и ние работиме на тоа“, рече Патрик Мујаја Катембве, министер за комуникации и портпарол на владата на Демократска Република Конго.
Американскиот лекар кој се заразил со смртоносниот вирус во Конго е префрлен на лекување во Германија. Неговото пристигнување на аеродромот во Берлин помина под екстремни безбедносни протоколи и силна полициска придружба, со цел да се спречи ширење на опасната зараза и во Европа. И чешкото Министерство за здравство објави дека се подготвува да прими американски лекар за кој постои сомнеж дека е заразен со ебола.
„Особено е важно пошироката јавност да биде свесна за оваа клучна информација-нема ризик од ширење на еболата овде. Пациентот ќе биде под строг надзор и ќе биде изолиран во текот на сите три недели, така што навистина нема причина за загриженост“, изјави Адам Војтех, министер за здравство на Чешка.
СЗО соопшти дека можната вакцина нема да биде достапна најмалку уште два месеци, додека заедно со ООН го засилуваат одговорот на заразата. Испратени се дополнителни медицински тимови и опрема во погодените области.
Катерина Бојаџиева
