Царинска управа

Историски најголема заплена на Царина, пронајдени пола милион евра

20.05.2026 16:53

Во минибус на граничниот премин „Табановце“ се пронајдени и одземени пола милион евра. Директорот на управата, Бобан Николовски рече дека парите се пронајдени во специјално монтиран бункер во возилото.

Се обидел добро да ги скрие, но ги најде кучето на Царинската управа. Во возило на граничниот премин „Табановце“ пронајдени и одземени пола милион евра. Директорот на Царина, Бобан Николовски, рече дека парите се пронајдени во специјално монтиран бункер во минибус и дека ова е историски најголема заплена на девизи.

Николовски појасни дека за обидот за нелегално пренесување на пари немале дојава, туку дека тоа е заслуга на вработените, за што ќе бидат наградени со по 10.000 денари.

Запленетите пола милион евра на „Табановце“ влегуваат во државната каса. Сè уште се истражува дали крајната дестинација била Македонија.

Директорот појаснува дека тука завршува работата на Царина. Делото е предадено на Обвинителството и судот, а институциите соработуваат и со албанската страна од каде тргнала пратката.

Борис Грујоски