судски процес

Со изведување докази продолжи судењето за кочанската дискотека

20.05.2026 17:45

Обвинителството продолжи со изведување докази за кочанската трагедија. Презентирани видеоматеријали од „Пулс“ пред пожарот.

Прскалки на масите, акробации со оган и пиротехника на сцената. Клубот „Пулс“ и годините пред пожарот се коцкал со безбедноста на гостите. Со презентација на видеоснимки обезбедени од социјалните мрежи, обвинителството тврди дека во клубот не се почитувале безбедносните мерки.

Немало соодветни ознаки за евакуација на гостите. Се прикажаа и снимки од прскалките запалени кобната ноќ. Одбраната со контра став – снимките не докажуваат ништо.

Семејствата, пак бараат судењето да не се претвора во циркус. Сметаат дека не треба да се толерира однесувањето на адвокатите во судница, кое го оценија како несоодветно.

И на ова рочиште беше повикана Итната медицинска помош, поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите.

Анита Димитријевска - Велковска