Европа

Литванија: Тревога поради дронови, НАТО подигна авиони

20.05.2026 20:02

Жителите добија наредба да се засолнат, а воздушниот и железничкиот сообраќај во регионот на главниот град беа привремено прекинати...

Литванија издаде предупредување за воздушна опасност во Вилнус и во делови од источниот граничен регион откако беше детектиран сомнителен дрон во близина до границата со Белорусија. Жителите добија наредба да се засолнат, а воздушниот и железничкиот сообраќај во регионот на главниот град беа привремено прекинати. Тревога била издадена и во зградата на литванскиот парламент, каде во тој момент имало пратеници и министри.
 
По завршувањето на алармот, воздушниот и железничкиот сообраќај беа обновени, но предупредувањата за воздушна опасност останаа активни во делови од земјата. НАТО подигна воени авиони кои беа насочени кон заканата.