Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

21.05.2026 08:04

Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h)...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.