БЛИСКИ ИСТОК

Трамп: Преговорите со Иран се во завршна фаза

21.05.2026 09:11

Во исто време, Иран го обвини Трамп дека планира повторно започнување војна и се закани дека ќе возврати со напади надвор од Блискиот Исток.

Американскиот претседател изјави дека преговорите со Иран се во завршна фаза, но предупреди на нови напади доколку Техеран не прифати договор. Во исто време, Иран го обвини Трамп дека планира повторно започнување војна и се закани дека ќе возврати со напади надвор од Блискиот Исток. Во регионот состојбата и натаму тензична. Организациите обвинуваат дека притворените лица од флотилата во Израел биле подложени на насилство, вклучително и употреба на гумени куршуми.

„Слушнавме многу приказни за многу насилство. Знаеме за најмалку двајца учесници кои беа хоспитализирани. Мораа да бидат однесени во болница на лекување. И двајцата беа застрелани со гумени куршуми без причина, без никакво оправдување“, рече Сухад Бишара, адвокат на групата за правно застапување Адалах.

430 активисти во моментов се притворени во Израел. Според организации, израелските сили во обид да ги спречат флотилата со активисти кои носат помош во Газа пукале во пет брода, предизвикувајќи одредена штета. Израелското МНР соопшти дека не е испукана боева муниција и дека несмртоносни средства биле насочени кон бродовите како предупредување, но без да се таргетираат или повредат активистите.