Киев наскоро ја добива првата транша од ЕУ
Пакетот за помош има за цел да и помогне на Украина да ги задоволи економските и воените потреби во тековните две години. Украинскиот лидер, Зеленски рече дека неговиот тим имал добри контакти со американската страна за безбедносна соработка и мировни преговори со Русија.

Зеленски очекува првите транши од деблокираниот пакет заем од 90 милијарди евра од Европската Унија да се исплатата во наредните недели. Пакетот за помош има за цел да и помогне на Украина да ги задоволи економските и воените потреби во тековните две години. Украинскиот лидер, Зеленски рече дека неговиот тим имал добри контакти со американската страна за безбедносна соработка и мировни преговори со Русија.
„Добиваме сигнали дека се приближува отворањето на кластери за Украина во процесот на преговори со Европската Унија. Ова е многу е важно за нас. Украина направи се што беше потребно за овој напредок. Лансирањето на европската програма за поддршка на Украина во износ од 90 милијарди евра се приближува. Ги очекуваме првите транши во наредните недели“, изајви Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Украинските беспилотни летала неодамна предизвикаа загриженост со влегувањето во балтичкиот воздушен простор, што доведе до тензии со земјите од НАТО.
Вчера Литванците се засолнија во Вилнус поради активноста на беспилотните летала во Белорусија.
Не се пријавени повредени, но инцидентите покренаа прашања за воздушната одбрана на НАТО. Украинските официјални лица се извинија, обвинувајќи ја руската страна за испраќање беспилотни летала надвор од курсот. Русија тврди дека Украина планира напади од балтичките земји.
Изминатите месеци, украинските беспилотни летала се урнаа во Естонија, погодија празни резервоари за гориво во Латвија и беа соборени од романски борбени авиони стационирани во Литванија.
