Влада

Европски пари за македонски реформи

21.05.2026 13:13

Според власта, државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети, во согласност со европските стандарди.

65,7 милиони евра – ова е сумата што земјава ја добива од Европската унија за сработеното од реформската агенда. Тоа е повеќе од Албанија и Црна Гора, но помалку од она што можеше да земе ако докрај се завршеше домашната задача. Според власта, државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети, во согласност со европските стандарди.

Опозицијата критикува дека сме загубиле 200 милиони евра, премиерот одговори – ви кажав дека ќе бидеме први во спроведувањето на реформите.

Викторија Милевска известува на оваа тема.