ЕСМ поднесе жалба за мазутот во ТЕЦ-Неготино, на потег е Вишото обвинителство
ЕСМ вложи жалба до Вишото обвинителство за одлуката, да биде запрена постапката за набавката на мазут за потребите на ТЕЦ – Неготино. Власта очекува реактивирање на истрагата.

Откако ЕСМ поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство, за одлуката на ОЈО – ГОКК да ја запре постапката за набавките на мазут за ТЕЦ – Неготино, власта очекува случајот да биде реотворен и целосно да се испитаат сомнежите за криминал, перење пари и местење тендери.
„Еден од главните аргументите на обвинителката Катерина Коларевиќ за случајот тежок 167 милиони евра беше дека ЕСМ не пријавило финансиска штета, ниту биле обезбедени докази за кривични дека, што по жалбата се менува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ обвинува дека државниот обвинител кој бил на телефонска линија со премиерот Мицкоски ги спасува функционерите од прогон.
Премиерот Мицкоски очекува Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според она што е содржано во жалбата.
Игор Панов
