Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија
Министерството за спорт соопшти дека во последниот период зачестиле настани и однесувања од страна на спортски работници, фудбалери, навивачи и клубови кои, како што наведуваат, му штетат на угледот на федерациите, државата и спортот воопшто.

Министерството за спорт најостро ги осуди свирежите на националната химна од навивачите на ФК Шкендија и одбивањето на играчите да ги примат медалите по завршувањето на финалниот натпревар. Најавени се можни измени во Законот за спорт и построги санкции за клубовите и поединците што ќе го нарушуваат угледот на спортот и државата.
Министерството за спорт соопшти дека во последниот период зачестиле настани и однесувања од страна на спортски работници, фудбалери, навивачи и клубови кои, како што наведуваат, му штетат на угледот на федерациите, државата и спортот воопшто.
Оттаму информираат дека се разгледува можноста за измени во Законот за спорт со кои би се прошириле ингеренциите на државата за посериозно санкционирање на ваквите појави. Според најавите, санкциите би можеле да се однесуваат на ограничување на државната помош, а во крајна линија и на одземање на решението за вршење спортска дејност, со што клубовите би го изгубиле правото на настап во националните натпреварувања.
Министерството ја повика и ФФМ да направи измени во својот правилник и да воведе поригорозни мерки за санкционирање на нарушувањата од секаков вид.
Во соопштението се наведува дека ваквите појави се спротивни на меѓународните конвенции и принципи врз кои се темели спортот и дека сите учесници во спортските натпреварувања мора да ги почитуваат правилата и националните и меѓународните спортски прописи.
