Две лица приведени по пријави за семејно насилство, евидентирани четири случаи за едно деноноќие
Полицијата во последното деноноќие евидентирала вкупно четири случаи на семејни расправии, закани и обиди за напад во Скопје и гостиварско.

Две лица се лишени од слобода по пријави за семејно насилство во Штип и Тетово, додека полицијата во последното деноноќие евидентирала вкупно четири случаи на семејни расправии, закани и обиди за напад во Скопје и гостиварско.
Во Штип, полициски службеници го привеле 33-годишниот К.Д., откако неговата сопруга пријавила дека по расправија во семејниот дом физички ја нападнал. Настанот, според пријавата, се случил во раните утрински часови.
Во Скопје, 38-годишен маж пријавил дека во семејниот дом во Драчево му биле упатувани закани од неговата сопруга.
Во Тетово, полицијата го лишила од слобода 73-годишниот Ј.Д., по пријава од неговата сопруга дека ѝ се заканувал со остар предмет.
Во уште еден случај, 36-годишна жена од гостиварско пријавила дека по расправија во семејниот дом, нејзината свекрва се обидела да ја нападне со тврд предмет.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.
