кабинет

Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера, треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка

21.05.2026 17:09

Треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка и во поглед на пресумпција на невиност, и во поглед на собирање на податоци и евентуално отворање на кривична постапка, истакна претседателката Сиљановска-Давкова во изјава за МИА, во врска со наводната шпионска афера во нејзиниот кабинет...

Треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка и во поглед на пресумпција на невиност, и во поглед на собирање на податоци и евентуално отворање на кривична постапка, истакна претседателката Сиљановска-Давкова во изјава за МИА, во врска со наводната шпионска афера во нејзиниот кабинет.

Никогаш не ги толкувам постапките на другите органи, ја почитувам поделбата на власта, вели шефицата на државата, која признава дека е збунета од одговорите на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за несоработката со МВР.

Лани во декември Обвинителството за организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка за можен случај на шпионажата во Кабинетот на претседателката, и се пожали дека и по неколку месеци подоцна, МВР не доставено резултати од анализите на одземената компјутерска и телефонска опрема, ниту пак видеоснимки од безбедносните камери. Од МВР, пак, рекоа дека активно се работи и се анализираат обемните електронски докази кои се извадени од одземената опрема, а биле извршени и разговори со лица вработени во Кабинетот на претседателката. Расчистување на случајот побара и опозицијата.

 

Наташа Јанчиќ Менковски