Одбележување

Започна дводневното одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

22.05.2026 08:45

Државно-црковната делегација денеска е на аудиенција кај Папата Лав 14-ти во Ватикан, по што Гаши ќе се сретне со кардиналот Пјетро Паролин...

Почнува одбележувањето на празникот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Претседателот на собранието Африм Гаши од денеска до 24-ти мај ја предводи државно црковната делегација во Рим. Државно-црковната делегација денеска е на аудиенција кај Папата Лав 14-ти во Ватикан, по што Гаши ќе се сретне со кардиналот Пјетро Паролин. Утре ќе се одржи молебен во базиликата „Сан Клементе“, а предвидена е и посета на базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Министерката за образование Весна Јаневска, пак, е на одбележувањето на 77-годишнината од основањето на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. На платото на универзитетскиот кампус ќе бидат положени цвеќиња на споменикот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј.