Лишен од слобода крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
Полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.М.(20) од Шуто Оризари, Скопје, со привремен престој во Гостивар. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор ...

Вчера во 15:00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.М.(20) од Шуто Оризари, Скопје, со привремен престој во Гостивар. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Исто така, тој се сомничи и за други кривични дела „тешка кражба“ извршени во текот на претходниот ден во куќи на подрачјето на Гостивар.
С.М. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
