Одбележување на Денот на сесловенските просветители

Делегација на аудиенција кај папата Лав 14

22.05.2026 13:27

Продолжува децениската традиција за одбележување на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, зајакнувањето на дипломатските односи и афирмацијата на македонскиот културен идентитет во светата столица.

Македонска државно-црковна делегација предводена од собранискиот претседател Африм Гаши и Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан е во Рим и Ватикан.

Продолжува децениската традиција за одбележување на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, зајакнувањето на дипломатските односи и афирмацијата на македонскиот културен идентитет во светата столица.

Се одржа аудиенцијата кај папата Лав 14, а Гаши ќе се и сретне со кардиналот Пјетро Паролин. Утре ќе се одржи молебен во базиликата „Сан Клементе“, а предвидена е и посета на базиликата „Санта Марија Маџоре“.