Членови на одборите во ТЕЦ - Неготино под лупа
Антикорупциска покренува иницијатива пред Јавното обвинителство против поранешни членови на управен и надзорен одбор од ТЕЦ - Неготино и ЕСМ поради сомнежи за корупција. Проверки за тоа кој доставил а кој не лист за имотна состојба по престанок или по стапување на функција, Антикорупциска ќе следи од Службен весник на РСМ...

Барале од ТЕЦ Неготино преку ЕСМ Скопје да им се исплати надоместок во еднократен бруто износ. Па поранешни членови на управен и надзорен одбор согласно анекс договорите и договорите за редовен работен однос за два месеци противзаконски добиле двојни надоместоци во износ од близу милион и триста илјади денари. Антикорупционерите поради сомнение за злоупотреба на службена должност ќе ја достават целокупната документација до Обвинителството со иницијатива за покренување постапка.
Заради системската слабост при следење на непријавување на имотната состојба пред изборот и после разрешувањето на функционерите, Комисијата почна да ги лови преку службен весник.
На агендата на Антикорупциска беше и регистрација на лобист во Регистерот.
Фиљана Кока
