Сообраќајна несреќа

Четири жртви во тешка сообраќајна несреќа

22.05.2026 17:00

Оперскиот првенец, баритонот Ристе Велков, и тројца 20-годишници, меѓу кои и неговиот син Адам се четворицата загинати во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница. До трагедијата дошло откако 76-годишен возач на камион со косовски таблички изгубил контрола, ја пробил металната ограда и преминал во спротивната насока на автопатот, по што директно удрил во нивниот автомобил. Возачот е уапсен.

Оперскиот пејач Ристо Велков и неговиот 20 годишен син Адам загинаа во стравичната сообраќајна несреќа на скопска обиколница. Меѓу четирите жртви сè уште двајца 20-годишници. Според првичната истрага, со несреќата дошло откако 76 годишен возач на камион со косовски таблички изгубил контрола, ја пробил банкината и преминал на другата страна од автопатот, директно удирајќи во автомобилот во кој биле жртвите.

При ударот настанал пожар, во кој целосно изгореле автомобилот и кабината на камионот.

По наредба на јавен обвинител телата се предадени за обдукција, а возачот на камионот е приведен во полициска станица.

Од Националната опера, простувајќи се од колегата наведоа дека станува збор за реномиран солист – првенец кој претежно настапувал во белканто продукции поради што го заслужува епитетот „италијански баритон со кадифена боја“.

„Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура. Ристе Велков беше еден од водечките македонски баритони и еден од најхаризматичните оперски солисти.“ – стои во соопштението од Национална опера и балет.

 

Анита Димитријевска - Велковска