УКИМ го одбележа патрониот празник
Со реформи, стипендии и обновени студентски домови ќе ги задржуваме младите во земјава, рече министерката Јаневска на одбележувањето на патронатот на УКИМ. Ректорката најави нова развојна ориентација, усогласена со европскиот модел на управување во високото образование.

Студентите ќе имаат нормален студентски оброк, нема да им се тресат лифтовите, ќе имаат пристојни ќебиња и се што им е потребно за да имаат нормален студентски стандард, вети министерката Јаневска.
Дезинформација е дека се намалува бројот на стипендии, 400 наменети за студенти од социјално ранливи групи 5 години не се делеле бидејќи немало доволен број пријавени, објасни Јаневска на одбележувањето 77 години УКИМ. Ректорката истакна дека се направени чекори во насока на модернизација.
Воспоставен е систем на дигитални услуги и установата е подготвена да стартува со електронскиот индекс.
Универзитетите дејствуваат во се покомплексна и нестабилна средина, соочени со забрзаниот технолошки развој и притисоци на академската слобода, но се отвораат и можности, беше кажано на свеченоста.
Наташа Јанчиќ-Менковски
