Здравство

Голем дел од болните од карцином може да се излечат ако дијагнозата се постави во рана фаза

22.05.2026 17:46

Меланомот почнува со мала промена што многумина ја игнорираат. Лекарите предупредуваат навремен преглед може да спаси живот, а болните од карцином може да се излечат во рана фаза...

Редовните прегледи може да спасат живот, потребно е да се дејствува брзо и ефикасно, велат лекарите. Според нив, голем дел од болните од карцином може да се излечат ако дијагнозата се постави во рана фаза.

Ракот на кожа е еден од најчестите типови на рак. Затоа, лекарите апелираат да се избегне преголема изложеност на сонце.

Добрата вест е дека постојано се зголемува бројот на третмански опции за овие лица.

Во последните 3 години има повеќе иновации во третманот на рак на кожа, отколку во изминатите 30 години, додаваат лекарите.

Ако се дијагностицира рано, пациентите имаат поголема шанса да ја победат болеста.

 

Борис Грујоски