Се бара притвор за возачот по тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница
Поради околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Јавното обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Оттаму велат дека поради околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.
Оперскиот првенец Ристе Велков и тројца 20-годишници, меѓу кои и неговиот син, се четворицата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница.
До трагедијата дошло откако 76-годишен возач на камион изгубил контрола, преминал во спротивната насока на автопатот, по што директно удрил во нивниот автомобил.
