Чествување

Молебен во чест на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим

23.05.2026 09:10

Централниот настан од посетата ќе се одржи во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Таму, македонската делегација, заедно со претставници на Македонската православна црква предводени од Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, ќе одржат молитвено чествување на гробот на Свети Кирил.

Државно-црковна делегација, предводена од собранискиот спикер Гаши во Ватикан на аудиенција кај папата Лав 14-ти. Политичарите во светата столица демонстрираа единство.

Централниот настан од посетата ќе се одржи во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. Таму, македонската делегација, заедно со претставници на Македонската православна црква предводени од Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, ќе одржат молитвено чествување на гробот на Свети Кирил.

Оваа посета уште еднаш ја потврдува традицијата на дијалог и меѓурелигиска почит, истовремено зајакнувајќи ја меѓународната позиција на државата преку духовните и културните вредности кои ги споделуваме со европската цивилизација.