Македонија

Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите

23.05.2026 10:08

По повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на влашката заедница, истакнувајќи дека тие се дел од древната духовна лоза на балканските народи и пример за зачувување на јазикот, културата и националниот идентитет.

По повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на влашката заедница, нагласувајќи ја нивната историска истрајност и придонес во македонското општество.

Во честитката, Сиљановска-Давкова посочува дека Власите припаѓаат на древна духовна лоза на балкански народи, чиј опстанок се темели на јазикот, меморијата и свеста за сопствениот идентитет.

Таа истакнува дека во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, чувството на припадност и духовното достоинство, кои се пренесуваат низ генерации.

Претседателката нагласува дека државата треба да биде горда што е единствена во која Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите заедници и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективните права.

„Со својот сестран општествен придонес, Власите оставија и продолжуваат да оставаат небришливи траги на секое поле“, се наведува во честитката.