Рубио во посета на Индија
Рубио слета во источниот град Колката, а во рамките на посетата треба да ги посети и Делхи, Џајпур и Агра. Предвидена е и средба со индискиот премиер Нарендра Моди, на која енергетиката се очекува да биде една од главните теми.

Американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во четиридневна посета на Индија, во период на силни геополитички тензии и глобална енергетска криза предизвикана од војната во Иран.
Рубио слета во источниот град Колката, а во рамките на посетата треба да ги посети и Делхи, Џајпур и Агра. Предвидена е и средба со индискиот премиер Нарендра Моди, на која енергетиката се очекува да биде една од главните теми.
Индија, која увезува повеќе од 80 проценти од своите енергетски потреби, е меѓу најпогодените земји од нарушувањата во снабдувањето преку Ормускиот теснец.
