Македонија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени почувствуван во Скопје

23.05.2026 18:21

Според податоците на Опсерваторијата, земјотресот бил регистриран во 17 часот и 41 минута, а епицентарот потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 3,5 степени попладнево е почувствуван во Скопје и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците на Опсерваторијата, земјотресот бил регистриран во 17 часот и 41 минута, а епицентарот потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Интензитетот на потресот изнесувал IV степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од граѓаните во Скопје и околината.