Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители
Во Охрид во црквата „Света Софија“ ќе се одржи свечена академија под мотото „Од слово до вечност“ на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија денеска го одбележува денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Во Охрид во црквата „Света Софија“ ќе се одржи свечена академија под мотото „Од слово до вечност“ на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Собраниска делегација предводена до претседателот на Собранието Африм Гаши е во Рим каде вчера поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан во базиликата „Сан Клементе“ одржа молебен во чест на Св. Кирил.
Честувувањето на браќата Кирил и Методиј почна во петокот кога пред платото на најстариот универзитет во земјава кој го носи името на светите браќа беше положено цвеќе, а потоа се одржа свеченост во Ректоратот на универзитетот на кој беа прогласени најдобрите дипломирани студенти.
Свечена академија „Од слово до вечност“ може да ја следите во живо на МРТ1 со почеток од 11:55.
