Сторија

Бабанеделиното училиште во Прилеп- прво женско училиште и зачеток на официјалното учителство

24.05.2026 11:42

Пред точно 160 години Прилеп го добил првото женско, и воопшто, првото официјално училиште за образование и на момчиња и девојчиња. Поврзано е и со Трескавец и со првата прослава на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.

Го носи името на првата учителка, Недела Петкоска. За првпат во училишните клупи седнале и девојчиња. Бабанеделиното училиште е познато како прво женско и официјално училиште во Прилеп.

Машките деца дотогаш се образовале во ќелијни училишта или по домови, но преку 180 девојчиња од прилепско посакале да бидат образовани.

Училиштето е поврзано и со Трескавец и со првата прослава за сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. По пожарот тогаш во Манастирот, дел од граѓата за негова обнова е наменета и за училиштето.

Со прекини работело и по Првата и по Втората Светска војна, до 60-тите години на минатиот век. Се учело од првиот македонски буквар.

Денес во него се три галерии со музејски поставки. Пред 100 години, Прилеп бил во врвот на просветителството и со најмногу училишта во Македонија.

Елизабета Митреска