Читање книги во ера на екраните
Како да се поттикне и да се развие желбата за читање кај децата. Во време на телефони, таблети и компјутери, сè повеќе се чита од електронски уреди. Но, истражувањата покажуваат дека читањето книга има повеќе предности во однос на читањето од екран.

Подобро се памети содржина прочитана од книга. Книгата овозможува длабоко и посмирено читање, вниманието не се одвлекува со нотификации. За развојот на децата, читањето книги има особено значење. Истражувањата покажуваат дека децата подобро развиваат концентрација, говор и имагинација кога читаат книга.
За да чита книги, денешното дете бара да биде вклучено во приказната. Издавачката дејност се менува според потребите на најмалите читатели.
Правилното користење на електронските уреди има голем број предности во едукацијата на учениците, но нивната употреба треба да се ограничи, сметаат педагозите.
Анализите покажале дека директната интеракција на децата со книга и читањето со родителите, има голема улога во емоционалниот и интелектуалниот развој.
Славица Величковска
