Блиски Исток

САД и Иран блиску до договор

24.05.2026 10:55

Потврда дека Меморандумот за разбирање е во последната фаза, пристигна и од Техеран, иако иранските државни медиуми ги отфрлија тврдењата за „слободен премин“ низ теснецот, нагласувајќи дека тој ќе остане под иранска контрола.

САД и Иран блиску до договор за завршување на војната. Американскиот претседател Трамп, по разговори со повеќе регионални лидери од Блискиот Исток, Јужна Азија и Израел, соопшти дека мировниот договор со Иран е „во голема мера договорен“ и најави повторно отворање на Ормускиот теснец, додавајќи дека финалните детали сè уште се усогласуваат и наскоро ќе бидат објавени.

Потврда дека Меморандумот за разбирање е во последната фаза, пристигна и од Техеран, иако иранските државни медиуми ги отфрлија тврдењата за „слободен премин“ низ теснецот, нагласувајќи дека тој ќе остане под иранска контрола.

Дипломатски извори наведуваат дека договорот би можел да вклучи продолжување на прекинот на огнот и нови разговори за иранската нуклеарна програма.