Украина

Масовни ракетни напади врз Киев

24.05.2026 12:31

Украинските воздухопловни сили предупредија за можен напад со балистички ракети „Орешник“, а претседателот Зеленски изјави дека Украина добила разузнавачки информации од американски и европски партнери за подготвен руски удар.

Русија изврши масовни ракетни напади врз Киев, при што загина најмалку едно лице, а десетици се повредени. Погодени се станбени згради, студентски дом и трговски центри низ украинската престолнина.

Украинските воздухопловни сили предупредија за можен напад со балистички ракети „Орешник“, а претседателот Зеленски изјави дека Украина добила разузнавачки информации од американски и европски партнери за подготвен руски удар.

Нападот следува откако Путин нареди одмазда по украинскиот напад со дронови врз студентски дом во окупираниот Старобилск, во кој загинаа 21 лице, а 42 се повредени.

Во Луганск се прогласени денови на жалост, додека Украина ги негира руските тврдења и наведува дека цел биле исклучиво воени објекти.