Свет

Конго: Запален здравствен центар за лекување ебола

24.05.2026 14:32

Нема повредени, но 18 пациенти за кои се сомнева дека се заразени побегнале.

Во источниот дел на Демократска Република Конго, разгневени жители запалиле здравствен центар за лекување на ебола. Станува збор за втор ваков напад во рок од една недела.

Нема повредени, но 18 пациенти за кои се сомнева дека се заразени побегнале.

Во меѓувреме, тројца волонтери на Црвениот крст починаа од сомневање за ебола, откако најверојатно се заразиле додека ракувале со мртви тела во регионот Итури, уште пред официјалното откривање на заразата.

Епидемијата досега зеде над 170 животи, со стотици сомнителни случаи, додека СЗО го оценува ризикот како „многу висок“.

Хуманитарните организации предупредуваат дека насилствата и бегството на пациенти може дополнително да го забрзаат ширењето на болеста.