Македонија

Битолското обвинителство поведе постапка за напад и незаконско задржување на матурантка

24.05.2026 20:17

Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 23 мај во раните утрински часови, кога девојката се враќала од матурска прослава. Осомничениот ја пресретнал со автомобил, по што ѝ го одзел мобилниот телефон и не ѝ дозволувал да го напушти возилото.

Основното јавно обвинителство во Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец осомничен за телесна повреда и противправно лишување од слобода на 18-годишна матурантка, со која бил во блиски лични односи.

Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 23 мај во раните утрински часови, кога девојката се враќала од матурска прослава. Осомничениот ја пресретнал со автомобил, по што ѝ го одзел мобилниот телефон и не ѝ дозволувал да го напушти возилото.

Кога запреле на една локација, девојката се обидела да избега, но осомничениот тргнал по неа и физички ја нападнал. Потоа повторно ја внел во автомобилот и продолжил да ја удира со тупаници, при што ѝ нанел телесни повреди и крварење од носот.

Матурантката успеала да се ослободи и со помош на случаен минувач побарала помош.

Од Обвинителството информираат дека до Основниот суд во Битола е доставен предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, но и затоа што осомничениот и претходно бил пријавуван за насилство и други кривични дела.