Стратегија за бездомните кучиња

Национална стратегија за бездомните кучиња

25.05.2026 19:18

Агенцијата за храна и ветеринарство крои нова Национална стратегија за проблемот со бездомните кучиња. Треба да понуди решенија според потребите на секој регион. Вклучени се општините, Ветеринарната комора, Ветеринарниот факултет, Министерството за животна средина и здруженијата за заштита на животните …

Улици полни со бездомни кучиња. Граѓаните бараат безбедност, активистите бараат хуман третман на кучињата. Експертите велат решението е во системски пристап и подигање на јавната свест.

Новиот Закон за благосостојба на животните ќе ги следи европските стандарди. Предвидени се казни до пет илјади евра за напуштање и мачење на миленик.

Источниот регион планира изградба на регионален стационар за бездомни кучиња.

Чипирањето е задолжително но и пријавување на секое ново легло кај ветеринар и во урбаните и во руралните средини.

Европските искуства за овој проблем се масовни стерилизации, задолжително чипирање и високи казни за неодговорно сопствеништво.

 

Славица Величковска